4NEWS.mk

Американските трупи во Сирија нападнати со компири

Жителите на Камишли фрлаа компири на американските војници додека минуваа низ тој сириски град каде живеат повеќето Курди.

Како што пренесуваат светските агенции, војниците од таму поминувале додека се повлекувале од Сирија.

На видео снимка, што денеска ја објави курдската новинска агенција, се гледа конвој со оклопни возила како поминува низ Камишли, додека гневните жители ги гаѓаат со компири, извикувајќи на англиски јазик „Не Америка” и „Америка е лажливец”.

Претходно беше објавено дека американски трупи влегоа од Сирија во Ирак преку граничниот премин Сахела во провинцијата Дохук.

Безбедносни извори на ирачките Курди истакнуваат дека американската војска влегла во полуавтономниот курдски регион во Ирак.



Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни