Американците кренаа ловци и соборија ирански дрон: „Летал во близина на носачот Абрахам Линколн“

Според наводите на американските власти, иранско беспилотно летало од типот „Шахед-139“ се движело кон носачот на авиони со „нејасна намера“, поради што американски борбен авион Ф-35Ц реагирал и го соборил леталото во самоодбрана.

Американската денеска собори иранска беспилотна летачка направа која се приближувала до носачот на авиони „Абрахам Линколн“ во Арапското Море, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение од Централната команда на американската војска. Според американските власти, иранскиот дрон од типот „Шахед-139“ се движел кон носачот со „нејасна намера“, поради што американскиот борбен авион Ф-35Ц интервенирал и го соборил леталото во самоодбрана.

Портпаролот на Централната команда, капетанот на американската морнарица Тим Хокинс, изјави дека целта на акцијата била заштита на носачот на авиони и персоналот на него, и дека во инцидентот немало повредени американски војници, ниту материјална штета. Инцидентот се случува во чувствителен политички момент, додека преку дипломатски канали се прават напори за обновување на нуклеарните преговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека, во случај на неуспех на преговорите, може да дојде до сериозни последици, имајќи ја предвид засилената присутност на американски воени бродови во регионот.