Свет

Американците нудат милиони за информации за Хезболах

Американците нудат милиони за информации за Хезболах

Американскиот Стејт департмент нуди награда до 10 милиони долари за информации што би помогнале во разоткривање на финансиските мрежи на Хезболах.

Во објава на социјалната мрежа X, Стејт департментот ги повика сите кои имаат сознанија за „финансиските мрежи, водачи или оперативци“ на оваа милитантна група да ги достават преку безбедни канали за дојави.

Реакција на американските санкции

Овој повик следи откако американската влада неодамна воведе низа санкции против поединци и субјекти поврзани со Хезболах, меѓу кои има и членови на либанскиот парламент.

Од Хезболах ги оценија санкциите како „обид за заплашување на слободниот либански народ“ и порачаа дека тие „нема да имаат никакво практично влијание врз нашите стратешки одлуки“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни