Поврзи се

Македонија

Амнестија пред секој изборен циклус? – Дали има доволно боја за да се укине амнестијата на Иванов?

Published

on

Скоро пред секој изборен циклус во Северна Македонија се актуализира темата на амнестија. Последниот случај е поврзан со разгледувањето на став 11-А, на член 11 на Законот за амнестија. Основајќи се во овој закон, екс претседателот, Ѓорге Иванов, на 12 април 2016 година амнестираше 56 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но потоа ја повлече одлуката по протестите на Шарената револуција. Меѓу амнестираните беа: Сашо Мијалков, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Гордана Јанкуловска, Горан Грујевски, Ирена Мишева и Љупчо Тодоровски.

Тогаш во опозиција, Рената Дескоска, упати остри критики за амнестијата.

-Текстот продолжува по рекламата-

Меѓутоа, сега иако е на власт, повторно ја отвори темата на аболиција  и побара автентично читање на член 11, според кој Иванов даде амнестија.

Истата тема се актуализираше и пред последните претседателски избори. Тогаш власта рече дека не може да има амнестија поради изборите. И премиерот, Зоран Заев, можноста за амнестија ја оцени како „смртоносен напад“.

Амнестијата беше актуализирана и пред Уставните измени кога беа аболицирани пет пратеници вклучени во настаните на 27 април 2017 година, како што се Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски.

Пред два дена, Мицкоски изјави дека оваа тема му оди на корист на Заев.

Актуализацијата на аболицијата на Иванов следува откако Уставен Суд ја започна постапката за разгледување на повлекување на одлуката за амнестија. СДСМ до Собрание достави барање за автентично читање на член 11, кој е избришан од Законот за амнестија во 2009 година.

Извор: ТВ21

Реклама
Македонија

„Груевски и фамилијата превземаа фирми и стануваа сопственици“, рече Дескоска

Македонија

„Не знам од каде се снимките за Камчев, но мислам дека сега не се прислушкува“, рече Дескоска

Македонија

„1ТВ наликуваше на квази суд, цело време нѐ бомбардираа“, вели Силјановска

Македонија

Дескоска: Наместо „Рекет“, ќе излезе „Поткуп“

Македонија

Дескоска: Порано луѓето се плашеле да пријавуваат, Рекет е охрабрување и за другите

Македонија

„Рекет“ е добро сценарио за снимање филм“, велат едногласно Дескоска и Силјановска

Македонија

Силјановска: Јанева не можела да креира таков перфектен систем за рекетирање

Македонија

Силјановска: Уште на старт кога имате човек без знаење, може да очекувате секакви работи

Македонија

Силјановска: Не верувам дека Бојан и Јанева се сами во приказната „Рекет“

4NEWS.mk

Мицкоски од Париз: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача реформи и борба против криминалот

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com