Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски се амнестирани. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одлучи да ги помилува организаторите и водачите „За Заедничка Македонија“, откако за нив добија позитивно мислење од страна на Обвинителството. Останите барања за кои од обвинителството е добиено негативно мислење советот донесе решенија со кои истите се одбиваат како неосновани. За сите решенија, согласно Законот, обвинетите имаат право на жалба во рок од 3 дена до повисокиот суд.
Инаку, попладнево Основните јавни обвинителства дадоа позитивно мислење за 16 од вкупно 66 барања за амнестија. За 50 од нив е констатирано дека не ги исполнуваат законските критериуми за амнестија.
Основното јавно обвинителство за следење на организираниот криминал и корупција од вкупно 29 барања за амнестија, доставени до Основен суд Скопје 1, даде позитивен одговор за 15 барања, а за 14 барања е заклучено дека не ги исполнуваат условите предвидени со закон.
Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше во врска со 37 барања за амнестија и за сите е испратено мислење до Основен суд Скопје 1, а од сите барања за само 1 од нив даде позитивен одговор.
Поради законот за амнестија се „крена голема прашина“. Голем број на експерти, поранешни судии и адвокати го критикуваа законот, со образложение дека политиката се меша во судството и обвинителството. Од друга страна, од невладината организација “Отворено општество“ реагираа за предлог измените на Кривичниот законик. Од таму велат дека се разочарани од политичките пазарења и манипулации кои се прават во Владата на Р. Македонија.
Воедно побараа средба и со претседателот на Собранието, но и со парламентарната група која предложи измени на Кривичниот законик. Доколку се изгласаат измените, кои ти ги нарекуваат политички пазар, ќе преземат и други мерки. Не ја исклучуваат можноста да организираат протести. Освен организацијата Отворено општество, против измената на Кривичниот законик се пријавија и други 16 невладини организации.
Инаку Законот за амнестија следеше како дел од националниот план за помирување, инициран од премиерот Зоран Заев.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ
