„Да ги прашаме и граѓаните што мислат во врска со постигнатиот договор меѓу СДСМ и ДУИ, односно меѓу коалицијата „Можеме“ и ДУИ.“, рече репортерот на ТВ21.
Освен за идната Влада, граѓаните зборуваа и за прашањето за премиер Албанец.
„Мислам дека е во ред победниците да формираат Влада, со оглед на тоа дека се уште не е формирана и мислам дека ДУИ ќе изнајде кадар кој ќе ги врши своите задачи и чија работа ќе биде признаена. Ахмети го исполни, но другите кои чекаа како хиени отстрана, одиграа погрешна улога поради тоа Али Ахмет тоа требаше да го направи сам. Да, ние сме за.“
„Секој договор е добар, за да нема дупки во одлуките на Владата, и онака сме изморени од состојбата со пандемијата. Како и да е ќе биде добро, ќе се крши мразот, 100 дена – 100 дена, а некогаш ќе дојде време кога ќе може и подолго.“
„Победници се, треба да го направат. Доколку еден ден го направат, сакам сам да слушам дека го направил тоа.“
„Договор . . . што и да се случи ние треба да прифатиме. Мислам дека праведно е и ние да пробаме со премиер Албанец.“
За граѓаните не е важна етничката припадност на премиерот, туку тој да работи во интерес на граѓаните.
Други пак сметаат дека граѓаните нема да имаат никаква придобивка од новата Влада.
Еден граѓанин им посака среќа на партиите за формирање на новата Влада.
„Господ да им даде среќа. Немам друг коментар, ова е голем ден, историски ден, ова е големо достигнување. Господ да им помогне, да им даде многу добри нешта, ништо негативно.“
.
