Македонија

Апсења во Арачиново и Грчец, полицијата изврши претрес на неколку локации во Скопје

Од пет часот утрово , до 15 попладнево траеше полициската акција во скопско. Уапсени се 10 лица, а извршени се и претреси на 34 локации. Полицијата влезе во Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Бардовци, Студеничани и Центар. Според МВР акцијата била спроведена против неколку лица осомничени дека се дел од криминални групи. Додаваат дека половина од приведените се поврзани со нападот во „Александар Палас“.

При претресите се најдени и запленети пари, телефони и разни огнени оружја.

Инаку, акцијата беше спроведена од СВР-Скопје во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции и во координација со Основното јавно обвинителство. Од 10-мината приведени, 6 се од селото Грчец и 4 од Арачиново.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни