Ракетен брод на израелската морнарица денеска пресретнал дрон во Средоземното Море, соопшти израелската армија.
Според соопштението, дронот бил упатен кон Израел и бил лансиран од „исток“, што е термин што се користи за напади од Ирак, пишува Тајмс оф Израел.
Во текот на ноќта израелските воздухопловни сили собориле уште едно беспилотно летало за кое постои сомневање дека од Ирак се движело кон Израел, пишува порталот.