Телото на 5-годишно аутистично дете кое исчезна на Божиќ е пронајдено вчера во езерце недалеку од местото каде последен пат е видено, јавија од полицијата во Мичиген.
Несреќното дете исчезна на Божиќ од домот на својата баба.
Боу Велсон исчезна оваа среда околу 2.30 часот напладне од куќата на својата баба, додека си играл во дворот со семејството во Сикс Лејкс во Мичиген.
Пронајден е во замрзнатото езерце на 15-тина метри оддалечено од куќата од која исчезнало. Полицијата не е сигурна дали детето паднало во езерцето или само влегло во него. Истрагата е во тек, но засега нема докази за тоа дека станува збор за сомнителна смрт.
„Ќе ја продолжиме истрагата и ќе се обидеме да утврдиме поради што детето завршило во вода“, рекоа од полиција.
Во потрагата учествувале околу 1.000 волонтери кои го барале од средата вечер.
Несреќното дете било аутистично, но можело да комуницира со околината.