4NEWS.mk

Aвионот на Меркел морал принудно да слета

Германската канцеларка, Ангела Меркел морала синоќа принудно да го прекине патувањето на самитот Г-20 во Буенос Аирес и да слета на аеродромот во Келн, бидејќи пилотот одлучил поради технички проблем да го замени државниот Ербас А340 до друг авион, објавија западните агенции.

Пилотот ги известил патниците дека одлучил да го замени авионот поради проблеми со неколку електронски системи и појаснил дека безбедноста на патниците и авионот не е загрозена, пренесе „Ројтерс“.

Извор: Сител

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни