Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје во текот на викендот

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје во текот на викендот

Град Скопје најави авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот, која ќе се спроведе во текот на претстојниот викенд.

Дезинсекцијата е планирана за сабота, 19 септември, и недела, 20 септември 2026 година, во раните утрински часови.

Од Град Скопје информираат дека доколку временските услови не дозволат спроведување на третманот во предвидениот термин, дезинсекцијата ќе биде извршена првиот нареден ден кога ќе има поволни услови, во истиот временски период.

Градските власти упатуваат известување и до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни