Австралија денеска немаше ниту еден регистриран од Ковид-19, првпат после пет месеци.
Не беше регистриран ниту еден случај во период од 24 часа, односно од 20 часот во петокот, до 20 часот во саботата. Ова се случува првпат по 9. јуни.
Државата Викторија, која беше жариште на вториот бран на Ковид-19 во Австралија, беше без нов случај втор ден по ред. Во оваа држава имаше 112 дена карантин. Здравствените власти најавија олеснување на рестрикциите во следниот период.
„Благодарност до сите наши неверојатни здравствени работници и пред сè до австралиските граѓани“, напиша на Твитер министерот за здравство Грег Хант.
Австралија има околу 27.500 заразени и 900 починати од ковид-19 од почетокот на пандемијата, многу помалку од многу други нации. Оваа земја имаше една од најстрогите пристапи, и воведуваше строги мерки и карантини во борбата против пандемијата.
.
