Премиерот Скот Морисон на прес конференција соопшти дека мерката ќе важи речиси шест месеци.
-Ако го забавиме ширењето ќе спасиме животи, рече тој
„Не сме виделе вакво нешто во Австралија од завршувањето на Првата светска војна”, изјави австралискиот премиер.
Владата забрани и собири на затворено со учество на над 100 лица, јавија агенциите.
Во Австралија се регистрирани над 450 случаи на заразени со коронавирус, а досега починаа шест лица.
Австралиската авиокомпанија „Квантас“ соопшпти дека за 90 проценти ги намалува своите меѓународни летови заради значителниот пад на побарувачката и новите ограничувања за влез, воведени од многу земји, како мерка против коронавирусот.
Другата голема авиокомпанија „Вирџин Австралија” целосно ги укина своите меѓународни летови.
