4NEWS.mk

Австралија разгледува цензура на екстремистички материјали на интернет

Австралиските власти разгледуваат блокирање сајтови што шират отворено содржини за насилство и тероризам. Тоа го соопшти австралискиот премиер Скот Морисон на средбата на Г7 во Биариц. Морисон е на самитот по покана од домаќинот, францускиот претседтаел Емануел Макрон.

-Ние правиме се што можеме за да спречиме можност терористите да ги глорифицираат своите злосторства, рече Морисон.

Покрај тоа, владата разгледува и воспоставување законодавство што ќе ги присили веб-страниците и дигиталните услуги подобро да спречат ваквиот вид на ширење на криминалниот материјал преку зајакнување на нивните мерки за безбедност.

Тоа прашање беше дискутирано во изминатите години, и најновиот притисок доаѓа како одговор на нападот во март 2019 година во Кристчрч, Нов Зеланд, кога социјалните мрежи беа обвинети дека не направиле доволно за да спречат хостирање и споделување екстремистички и насилни содржини на нивните платформи. 
 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни