Австралиски синџир супермаркети воведува платено отсуство за промена на полот

Австралискиот синџир супермаркети Колс воведе платено отсуство за своите вработени кои сакаат да се подложат на операција за промена на полот, јави ДПА.

„Знаеме дека имаме најмалку 900 луѓе во нашиот тим кои се идентификуваат како трансродови“, изјави портпаролот на компанијата Дејвид Брустер. Тој додаде дека треба да има јасна политика за давање отсуство за „оваа важна транзиција во нивните животи“.

Се вчитува...

Колс е еден од најголемите синџири на супермаркети во земјата со 2.500 продавници и над 100.000 вработени.