Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Свет

Автомобил-бомба во Белуџистан: Четворица загинати и 20 ранети во експлозија

Автомобил-бомба во Белуџистан: Четворица загинати и 20 ранети во експлозија

Најмалку четири лица загинаа денеска, а 20 се ранети во експлозија на автомобил-бомба во близина на пазар во пакистанскиот град Килаху Абдула во провинцијата Белуџистан, која граничи со Авганистан, изјави заменик-комесарот на локалната полиција Абдула Ријаз.

Тој наведе и дека надворешниот ѕид на блиската зграда е оштетен во експлозијата во градот во југозападен Пакистан, што се случи синоќа, пренесе АП.

Ниту една група веднаш не ја презеде одговорноста за нападот, но осомничени се етничките сепаратисти од Белуџистан, кои често ги напаѓаат безбедносните сили и цивилите во Белуџистан и другите делови на Пакистан.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни