Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Македонија

Ходаи открива: Професори вршат притисок врз студентите да не ги тужат институциите

Ходаи открива: Професори вршат притисок врз студентите да не ги тужат институциите

Дел од универзитетските професори вршеле притисок врз студенти, членови на Форумот за образовни промени, поради нивните активности и судската постапка против Министерството за образование и наука, тврди Бленди Ходаи.

Гостувајќи во „Ноќно студио“ на 4ТВ, Ходаи откри дека одредени професори ги советувале студентите да не влегуваат во директни спорови со институциите, предупредувајќи ги дека тие располагаат со голема моќ.

„Почнаа да имаат притисоци од самите професори дека не е добро на толку директен начин да се оди во некој спор со една институција. Институциите се многу јаки, вие не треба толку директно да излегувате во суд со нив“, изјави Ходаи.

Тој оцени дека ваквиот пристап е поразителен за академската заедница, бидејќи токму универзитетите треба да бидат места каде што се развива критичкото мислење и се охрабруваат младите да се борат за своите права.

„Тоа е многу поразително, затоа што универзитетите треба да бидат жариште на критичкото мислење, жариште на луѓе што се бунтуваат“, нагласи тој.

Според Ходаи, наместо да ги поддржуваат студентите во нивните барања, дел од професорите го пренесуваат сопствениот страв врз младите.

„Професорите се уплашени сами и ги уплашуваат студентите да не бараат почитување на нивните студентски права што ги имаат добиено, а што не се почитуваат денеска од страна на институциите“, додаде Ходаи.

Тој смета дека универзитетските професори треба да бидат сојузници на студентите во борбата за поквалитетно образование, а не фактор што ќе ги обесхрабрува да бараат институционална одговорност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни