Македонија

Азманов: Боки 13 ме уценување со документи за кои тврдеше дека ги добил од СЈО (ВИДЕО)

„Се работи за еден несреќен случај. Бојан Јовановски е таков каков што си го знаете самите. Навистина направи голема штета во државата, навистина вакво нешто не треба да се повтори. не смее медиумите да се користат за изнесување на медиуми и рекетирање“, рече бизнисменот Зоран Азманов по завршувањето на распитот кај Рускоска за „Рекет“.

Азманов додаде дека најавите кои биле пласирани преку телевизијата 1ТВ биле безобразни.

„Најавата на таа емисија беше безобрана, без да ти дадат право да кажеш ни еден збор во одбрана. Во телефонски разговор (со Боки 13) го прашав од каде имаш ти право да правиш таква емисија и од каде имаш сознанија дека јас сум градежната мафија, а немам ниту еден бизнис со државата,  тој ми рече да не се секирам затоа што имал информации од Финансовата полиција и од СЈО, ги имал сите документи и немал потреба ништо да истражува“ рече Азманов по распитот во Обвинителството за организиран криминал и корупција каде даваше исказ за случајот „Рекет“ кој го пријави Орце Камчев.

Во периодот кога се емитуваше Инсајдер, Азманов поднесе кривична пријава против Боки 13 за барање на рекет од 50 000 евра. Азманов тогаш изјави дека Боки 13 му рекол дека „целата  работа може да се среди за 50.000евра или стан“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни