Свет

Бајден е позитивен на корона, го откажа својот говор на годишната конференција

Бајден е позитивен на корона, го откажа својот говор на годишната конференција

Џо Бајден го откажа својот говор на годишната конференција на Унидос САД бидејќи беше позитивен на тестот за ковид, изјави претседателката и извршна директорка на организацијата Џенет Мургија.

– Многу ја цениме неговата желба да биде тука. Мора да ги преземе мерките на претпазливост што му беа препорачани. Очигледно не сакаше никого да стави на ризик. Тој рече да им кажам на моите родители дека нема да се ослободиме од него толку брзо – рече таа од говорницата на која се очекуваше да зборува Бајден.

Џо Бајден требаше да го одржи главниот говор на конференцијата пред 1.500 латино лидери, застапници и сојузници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни