Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џозеф Бајден денес го осуди обидот за убиство на републиканскиот ривал Доналд Трамп и рече дека е благодарен што Трамп се опоравува од раните во инцидентот, пренесува Ројтерс.
Во изјавата во Белата куќа, Бајден рече дека во недела навечер ќе му се обрати на американскиот народ за потребата од единство.
Тој рече дека наредил преглед на она што се случило на митингот на Трамп во Пенсилванија.
„Нема место во Америка за вакво насилство, ниту за какво било насилство. Обидот за атентат е против сето она за кое се залагаме … како нација – за сè“, порача тој.