Свет

Бајден го покани Лула да Силва да го посети Вашингтон на почетокот на февруари

Бајден го покани Лула да Силва да го посети Вашингтон на почетокот на февруари

Американскиот претседател Џо Бајден го покани својот бразилски колега Луис Инасио Лула да Силва да го посети во Вашингтон на почетокот на февруари, се вели во заедничката изјава по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, во која се прецизира дека поканата е прифатена, пренесе АФП.

Шефот на американската држава за време на овој разговор со Лула да Силва ја изрази „непоколебливата поддршка на Соединетите Држави за бразилската демократија и за изразувањето на слободната волја на бразилскиот народ, како што беше изразено за време на последните претседателски избори дека претседателот Лула да Силва победи“. Бајден го осуди насилството и нападот врз демократските институции и врз мирниот трансфер на власта, се вели во заедничката изјава.

Телефонскиот разговор доаѓа само еден ден откако приврзаниците на екстремно десничарскиот поранешен бразилски претседател Жаир Болсонаро ги нападнаа клучните државни институции во главниот град на Бразил, објави АФП.

Двајцата лидери, исто така, ветија дека „тесно ќе соработуваат на предизвиците со кои се соочуваат САД и Бразил, вклучувајќи ги климатските промени, економскиот развој, мирот и безбедноста“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни