Свет

Бајден најави нов пакет помош за Украина

Бајден најави нов пакет помош за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска за време на средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски најави нов пакет американска помош за Украина во вредност од 225 милиони долари, соопшти Стејт департментот.

Според нив, овој пакет вклучува ракетен систем Патриот, муниција за националните напредни ракетни системи земја-воздух, противвоздушни ракети „Стингер“, муниција за ракетни системи со висока подвижност, артилериски куршуми од 155 мм и 105 мм, ракети и опрема со цевно лансирање, противоклопни системи „Џавелин“ и AT-4, муниција за мало вооружување и друга опрема.

Ова е осми безбедносен пакет помош за Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни