Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е подготвен да употреби воена сила за да го одбрани Тајван, како и подготвеноста на САД и другите сојузници да и оневозможат на Кина да преземе воена акција против Тајпеј, пренесоа агенциите.
Запрашан од новинарите на прес-конференција во Токио со јапонскиот премиер Фумио Кишида дали САД ќе го бранат Тајван доколку Кина го нападне островот, претседателот одговори потврдно. „Ова е обврската што ја презедовме. Се согласуваме со политиката на обединета Кина (политиката на признавање на постоењето на само една кинеска држава). Ја потпишавме оваа политика, како и сите договори што следуваат од неа. Но Самата идеја дека статусот на островот може да се промени насилно е целосно неприфатлива“, рече Бајден.
Претседателот на САД додаде дека со испраќањето на кинески борбени авиони да вршат целни летови во близина на воздушниот простор на Тајван, Пекинг си игра со оган.
Според Бајден, нема да има кинеска инвазија на Тајван, нема да има обид за тоа.
„Ако тоа се случи, тоа ќе биде уште една акција слична на она што се случи во Украина“, рече Бајден, додавајќи дека таквата ситуација ќе го дестабилизира целиот регион.
Забелешките на Бајден звучеа како прекин на американската политика на „стратешка двосмисленост“ во нивната позиција за прашањето за самоуправниот остров кој Кина го смета за кинеска територија и најважно и проблематично прашање во односите со САД.
Оваа стратешка неизвесност главно се однесуваше на тоа дали Вашингтон ќе интервенира со воена сила за да го заштити Тајван во случај на кинески напад. Во принцип, Соединетите Држави се обврзани со закон да му обезбедат воени средства на Тајпеј за да се бранат, а тоа е нивна обврска според Законот за односи со Тајван.
Неименуван портпарол на Белата куќа за Ројтерс изјави дека нема промена во американската политика.
„Како што рече претседателот, нашата политика не е променета“, рече тој. „Тој ја потврди нашата политика за обединета Кина, како и нашата посветеност на мирот и стабилноста во тајванскиот теснец.
Асошиетед прес забележува дека Тајван не е вклучен во новиот трговски договор на САД со земјите од регионот, Индо-пацифичката економска рамка.
