4NEWS.mk

Барселона отпуштила тренери преку „ВатсАп“

Скандалите во Барселона продолжуваат со целосна сила. По оставката на потпретседателот на клубот, Жорди Местре, поради недоразбирањата околу трансфер политиката, веќе се појавија други детали.

Шпанскиот шампион ја сменил формата за тренинзи во младинските екипи, а сите досегашни тренери ги отпуштиле преку … „ВатсАп“. Сите промени биле под влијание токму од оставката на Местре.

Неколку тренери кои работеа во Академијата на Барселона до 30 јуни признаа дека биле информирани дека договорите нема да им се обноват преку апликацијата за чат. Други добиле повик за повеќе информации.

Ова се случило на 2 јули, кога договорите во „Ла Масија“ се ревидираат и обновуваат.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни