Поврзи се

4NEWS.mk

Бебе од 12 дена престана да дише: Автомобилот на мајката го запре полицаец кој во последен момент му го спаси животот

Драматична снимка од Западна Каролина ја покажува брзата реакција на полицаец и неговото спасување на бебе по име Рајли старо само 12 дена.

Имено, полицаецот Вилијам Кимбро запрел автомобил што возел пребрзо. Кога автомобилот запрел, дознал дека причината за големата брзина е тоа што мајката и уште едно лице возеле бебе во болница. Детето престанало да дише, а полицаецот одлучил да му помогне, пренесува Дејли Мејл.

Видеото покажува како мајката му го дава детето на полицаецот и тој веднаш почнува да применува техники за прва помош за да почне детето пак да дише. Го проверил пулсот на бебето и почнал да го масира градниот кош во пределот на срцето. „Ајде, заплачи дете! Душо, отвори ги очите!“, му зборуваше полицаецот додека помагаше детето повторно да дише. На крајот и успеа.

Портпаролката на канцеларијата на шерифот Карли Дрејтон за Дејли Мејл изјави дека Рајли е однесена во болница и по прегледот е пуштена. Вели дека ја провериле полициските службеници и бебето е добро.

Поради својот херојски потфат, полицаецот Кимбро е награден со медал кој им се доделува на полициските службеници кои спасиле човечки живот.

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com