Бебе починало вчера во Ротердам, откако било оставено во автомобил паркиран покрај патот, јавува NL Times.
Еден маж е приведен на местото на настанот, соопшти полицијата.
Автомобилот Audi Q2 наводно имал белгиски регистрации.
Пожарникарите, полицијата и медицинските лица пристигнале на местото на настанот околу 17 часот, по што го скршиле совозачкото задното стакло за да го извлечат детето. На помош е испратен медицински хеликоптер. Сепак, обидите да се оживее бебето биле неуспешни.
„За жал, детето почина. Полицијата ги истражува околностите“, соопшти полицијата.
Температурата на воздухот беше околу 20 степени
Полицијата веднаш не откри како осомничениот бил поврзан со возилото и детето. Тој бил приведен во полициска станица каде требало да биде сослушан.
Во моментот кога детето било пронајдено во Ауди, температурата на воздухот била околу 20 степени. Под слични услови, температурата во кабината на затворено возило може да се искачи до 30 степени во рок од 10 минути, до 40 степени во рок од 35 минути и може да се приближи до 50 степени по 90 минути.