Во Градачац денеска започна тридневна жалост по крвавиот напад на фитнес тренерот и бодибилдер Нермин Сулејмановиќ, кој брутално ја уби својата невенчана сопруга и се пренесуваше во живо.
Покрај неа, уби уште две лица, татко и син, а рани уште тројца, а по неколкучасовно бегство се самоуби.
Сулејмановиќ неколку пати бил осудуван за разни кривични дела, а пред околу 15 години за обид за убиство.
Пред само три дена поранешната сопруга на Н.Х. го пријавила за насилство. Последните денови таа се криела со семејството, а како што пренесуваат босанските медиуми, таму ја нашол Сулејмановиќ и ја киднапирал. Потоа ја однел во викендицата каде брутално ја претепал, а потоа ја убил, а сето тоа го пренесувал во живо на Инстаграм.
Сопственикот на теретаната Емир Џиновиќ од Градачац, каде Нермин Сулејмановиќ работел како тренер, вчера бил на местото на злосторството и го спасил деветмесечно бебе по убиството на Н.Х.
„Да, го спасив бебето, во локва крв беше спуштена на подот. Сцената беше грозоморна. Ја претепа несреќната сопруга, таа беше непрепознатлива. Се знаеме долго време, тој работеше за мене. никогаш немало никакви проблеми, не знам како дојде до ова“, изјави Џиновиќ.
Бебето е во болница во Тузла. Од болница зборуваше и Х.К., полицаецот кој го рани Нермин Сулејмановиќ.
Во морето информации се чинеше дека Коториќ им подлегнал на повредите, но по укажаната помош во болница бил пуштен на домашно лекување.
„Ви благодарам за грижата, добро сум“, кратко рече тој.
Поради бруталното злосторство за денеска во 12 часот е најавен протест во Градачац.
„Ги повикуваме нашите сограѓани да дојдат на плоштадот Алија Изетбеговиќ во 12 часот и да се приклучат на нашиот спонтан собир со цел да се осуди секој облик на насилство“, изјави вчера Нерма Шариќ.
По страшното убиство се огласи сестрата на убиената Н.Х.
Заедно со заедничка слика на социјалните мрежи таа напиша: „Убава моја мила, уште не ми се верува дека ова може да се случи. Сестра ти најмногу те сака“, напиша на Фејсбук Е.Г.