Беџети: Со СДСМ не сме исто, тие што тоа го изјавуваат не разбираат

Блерим Беџети, висок функционер на ДУИ и актуелен градоначалник на Сарај, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ рече дека ДУИ и СДСМ не може да се едно, како што изјавија неколку функционери на ДУИ претходно.

Беџети додава дека ДУИ и СДСМ никогаш не може да се едно и дека тие што тоа го изјавуваат или не знаат и неразбираат политика или имаат желба да го кажат тоа.

Изјавата на еден актуелен висок функционер на ДУИ дека со СДСМ се едно, тој ја оценува како гаф.

.

Извор: ТВ21