Македонија

Бектеши: Од денеска нула отсто ДДВ – граѓаните да бараат фискални сметки

Министерот за економија Крешник Бектеши преку својот фејсбук профил потсетува дека од денеска данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи, во сите маркети, е нул апроценти. Како што наведува Бектеши, ДДВ е нула отсто за лебот, брашното тип – 400, млекото (со масленост 2, 3,2 и 3,5 проценти), белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и другите кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата. -Апелираме до граѓаните да си ја побараат својата фискална сметка во маркетите, наведува Бектеши.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни