Белата куќа објави дека не е неопходен когнитивен тест за американскиот претседател Џо Бајден, наведувајќи дека тој сè уште е способен да биде кандидат за реизбор на оваа функција.
Прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, на прес-конференција во вторникот рече дека нема апсолутно ништо скриено за здравјето на Бајден, објави Си-Ен-Ен.
Жан-Пјер, сепак, призна дека Бајден „не поминал одлична ноќ“ за време на телевизиската дебата со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.
„Решив да патувам низ светот неколку пати … непосредно пред дебатата … не го слушав мојот персонал … и потоа за малку ќе заспиев на сцената“, рече Бајден за последната дебата, за време собирање средства за неговата изборна кампања во американската сојузна држава Вирџинија во вторникот вечерта.
Бајден имаше речиси две недели помеѓу неговото враќање од Италија од самитот на Г7 на 15 јуни и дебатата на 27 јуни, според Си-Ен-Ен.
Жан-Пјер повтори дека Бајден бил болен за време на дебатата, наведувајќи дека сè уште има настинка.
Демократот од Тексас, Лојд Догет, во вторникот го повика Бајден да се повлече од претседателската трка по ТВ дебатата со Трамп.
Белата куќа во вторникот соопшти дека денес се очекува Бајден да се сретне со демократските гувернери и лидерите на Конгресот, откако некои од нив побараа средба со претседателот.