Белорусија воведува смртна казна како подготовка за обид за атентат или „обид за терористички акт“

Белорусија воведува смртна казна за планирање обид за атентат или „обид за терористички акт“. Ова стана јасно од текстот на законот објавен денеска, цитиран од руските новински агенции, пренесе АФП.

Ваквите обвинувања се упатени кон голем број локални опозициски активисти, меѓу кои и нејзината лидерка, Светлана Тихановска, која живее во егзил, пренесе АФП.

Се вчитува...

„Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко потпиша закон со кој се предвидува можност за смртно казнување на обидот за терористички акт“, пренесува РИА Новости. Досега ризик да бидат погубени беа само оние кои навистина извршиле такво дело, потсетува АФП.