Бериша на својот профил на Фејсбук напиша дека тоа претставува големо понижување за секој Албанец, за Албанија и за Косово.
„Ова тужба што ја нарачал Белград, е последната во серијата акти на народно предавство, сторено против независноста на Косово, неговиот територијален интегритет и суверенитет“, напиша Бериша на Фејсбук.
Тој додаде дека српскиот претседател Александар Вучуќ стои зад нападот што доаѓа од Тирана.
„Вучиќ му наредил на предавникот под итно да поднесе тужба против косовскиот премиер. Пријатели, секој час што ќе го минете држејќи го овој предавник на чело на нарко-владата е понижување за секој Албанец, за Албанија и за Косово, напиша Бериша , пренесе Косово онлајн.
