4NEWS.mk

Беровскиот советник Гриовски го донираше својот паушал во хуманитарни цели

Хуманоста е доблест, која ја отсликува големината на еден човек, а ова повторно го докажа беровскиот советникот Герасим Гриовски, кој својот последен паушал, за присуство на седници на Совет на Општина Берово, го донира во хуманитарни цели.

-Сметам дека празниците се момент кој сите треба да се почуствуваат сакано и празнично да си поминат. Со мојата поддршка сметам дека некому, донираните средства, ќе донесат радост и затоа по традиција ова веќе втора година по ред, го правам, истакна Гриовски.

Додаде дека средствата се наменети за категории граѓани на кои ќе им бидат добредојдени.

-Дел од средствата се наменети за децата од Центарот за лица со телесна или ментална попреченост, децата без родители и родителска грижа, како поддршка на ФК Малеш и на одредени семејства, на кои смета дека поддршката им е потребна, додаде Гриовски.

Советникот од редовите на СДСМ и коалицијата ваквата пракса планира да ја практикува, се до крајот на неговиот мандат, а очекува неговиот пример да го следат и останатите негови колеги. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни