4NEWS.mk

Без Адеми против Полска?

Македонските фудбалски репрезентативци вечерва го одржаа својот прв тренинг во Варшава, во пресрет на гостувањето кај Полска во мечот од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Селекторот на нашиот национален тим, Игор Ангеловски го поштеди играчот на Лидс, Езџан Алиоски, кој би требало да им се придружи на колегите на тренинзите.

Поради повреда денеска тренингот го пропушти Аријан Адеми, кој барем засега, е неизвесен за неделната средба со Полска.

За разлика од мечот во Скопје, со Словенија, в недела на располагање на селекторот ќе му биде дефанзивецот од Шкендија, Бејтулаи кој ја одлежа суспензијата поради жолти картони.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни