Македонија

Без струја делови од Сарај, Ѓорче Петров и Кисела Вода

Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Ѓорче Петров и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од село Кондово кај џамијата и гробиштата во општина Сарај, од 9:00 до 13:00 часот корисниците на дел од село Орман и село Никиштане во општина Ѓорче Петров, како и корисниците од дел од ул. „Христо Татарчев“ број 14 во општина Кисела Вода.

Од РЦУК Скопје информираат дека во периодот од 8:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од село Шишево во општина Сарај, а од 9:00 до 14:30 часот, корисниците на дел од Стопански Двор во околина на „Галафарм“ во општина Ѓорче Петров. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни