Без струја во понеделник ќе останат корисниците од поголемиот дел од село Виниче во Општина Гази Баба, а без вода ќе бидат повисоките катови од зградите во населбата Ново Лисиче во Општина Аеродром.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, од 9 до 12 часот, корисниците од поголемиот дел од село Виниче ќе бидат без струја заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
– Поради менување на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-300мм и поради приклучување на водоводна мрежа со пречник од ф-200мм на булевар „АСНОМ“ раскрсница со булевар „Србија“, од 9 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од високата зона, односно повисоките катови од зградите во населбата Ново Лисиче во Општина Аеродром, соопшти ЦУК.
