4NEWS.mk

Без вода дел од Тафталиџе

Прекин во водоснабдувањето денеска од 11 часот имаат дел од корисниците кои живеат на улицата „Прашка“ од број 20 до 68 во скопската населба Тафталиџе.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на улицата „Прашка“ 28. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни