4NEWS.mk

Безживотно тело на машко лице пронајдено кај Канео во водите на Охридското Езеро

Беживотно тело на возрасно машко лице попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро, во близина на месноста Канео во Стариот дел на градот.

Случаен минувач го забележал телото по што ги информирал службите, кои само ја констатирале смртта. Полициската истрага ќе ги утврдува идентитетот на лицето, како и околностите и причината за настапувањето на смртта.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни