Македонија

Биг Мајк: Македонија суперсила за канабис, кралот на марихуаната на средба со премиерот Заев

Биг Мајк познат на социјалните мрежи како кралот на марихуаната, се шета низ плоштадот во Скопје. Пред два дена тој се сретнал  со премиерот Заев, а на неговиот инстаграм најавил средби и со други државни функционери. На една фотографија што ја објави Биг Мајк на инстаграм, Заев изгледа многу фокусиран, додека го слуша Биг Мајк како објаснува нешто. Под фотографијата кралот на марихуаната напиша:

Но, за какви големи нешта зборува Биг Мајк. Дали Северна Македонија ќе стане суперсила на канабисот?

Познат како крал на марихуаната, или “Дон Марихуана“, неговото вистинско име Мајкл Штраумитис. Тој поседува компанија која е светски лидер за производи од канабис под името Адвансд Нутриенд, која има претставништва во 93 држави во светот, а со која има направено милиони долари. Канабисот го промовира на разни начини на социјалните мрежи каде има милиони следбеници.

Биг Мајк се сретнал и со министерот за здравство Венко Филипче. Како што пишува Мајк на фотографијата, “оваа средба е реализирана за да биде сигурен дека нивното партнерство ќе значи дека тоа ќе биде најчистиот и најздравиот канабис што го видел светот.

Тоа не е се, Мајк најави средби и со министерот за земјоделство, Трајан Димковски и една фармацевтска компанија.

Од Владата немаше официјално известување дека Премиерот ќе оствари средба со кралот на марихуаната, Биг Мајк. ТВ21 пред неколку месеци објави дека Владата планира легализација на марихуаната за туристички цели. Иако од таму демантираа, сепак неколку дена подоцна самиот премиер Зоран Заев на средба со туристичките работници во Охрид, најави такво нешто.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни