Бислимовски: Нема да може да се градат објекти ако тие немаат барање за приклучок на парно

Регулаторната Комисија за енергетика подготвува нов правилник со кој сите инвеститори кој ќе сакаат да градат нема да може да почнат ако во дозволата за градба немаат наведено дека објектот ќе биде приклучен на парно.

Се вчитува...

Според Бислимовски земјава е увозно зависна и 20-30 проценти од струјата е увезена и затоа треба паметно да ја користиме и наместо на струја новите објекти да користат парно за греење.

Посочи дека и оваа грејна сезона парното останува кај бег, а во следниот период ќе се разгледува барањето на Град Скопје.

Од МЕПСО  тврдат дека мрежата е стабилна и со мерката со која се субвенционираат инвертери нема да има преоптоварување на мрежата.

 

Ирена Чачкова 

Извор: Сител телевизија