Македонија

Битиќи: Силните вредносни ланци се конкурентната предност на Западен Балкан во пост ковид периодот

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на својот Фејсбук профил посочи дека силните вредносни ланци се конкурентната предност на Западен Балкан во пост ковид периодот

„На денешната средба со потпретседателот на Црна Гора, Абазовиќ го продолживме дијалогот, кој е постојано отворен, за регион кој е конкурентен, стабилен и во тек со современиот европски развој. Да ги искористиме можностите за NearShoring во пост ковид периодот преку креирање на заеднички политики за поддршка на компаниите за нивно вклучување во вредносниот ланец на земјите на Западен Балкан. Компаниите ја научија лекцијата од Ковид-19 и размислуваат на тоа да ги приближат синџирите за снабдување блиску до своите граници, а на границите на ЕУ сме токму ние. Да ја искористиме таа шанса и нашите компании да станат интегрален дел со висока додадена вредност во глобалните економски текови“, пишува Битиќи.

Според него, ре-фокусот на стимулирање на инвестициите на пазарот на Западен Балкан ќе креира отпорен и стабилен регионален пазар, кој ќе е конкурентен на европскиот односно светскиот пазар а истовремено ќе ги поддржува и секако расне и зајакнува националните економии.

„Сите компании од регионот, секоја земја треба да ги третира како домашни компании, односно да ги изедначиме условите кои тие ги добиваат со нашите политики. Дополнително со воведување на афирмативни и стимулирачки мерки да ги поттикнуваме меѓусебно да се поврзат и заедно да креираат силен вредносен ланец низ целиот регион“, додава Битиќи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни