Вчера во 08.45 часот на крстосница од ул.„Партизанска“, „Тошо Даскало“ и „Стрчин“ во Битола, патничко моторно возило „ауди’’ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(39) од Битола удрило во С.Д.(62) од Битола.
Во незгодата, С.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Битола за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.