Македонија

Битолчанец со возило удрил во сограѓанка, па излегол и ја истепал, а потоа избегал!

Битолчанец со возило удрил во сограѓанка, па излегол и ја истепал, а потоа избегал!

На 16.05.2026 во 20:40 часот во СВР Битола И.Д.(42) од Битола пријави дека на крстосницата на ул.„Партизанска” со ул.„Никола Тесла” во Битола, била удрена од возило, при што се здобила со повреди, а потоа возачот излегол од возилото и физички ја нападнал, по што го напуштил местото на настанот.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки за расчистување на случајот, при што е констатирано дека се работи за патничко возило „шкода” со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.М. од Битола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни