Со остри критики за актуелното раководство на СДСМ, Саша Богдановиќ во „Ноќно студио“ на 4ТВ оцени дека партијата не покажува подготвеност да ги прифати критиките и различните ставови.
„Ако продолжат вака, не гледам спас“, рече Богдановиќ.
Тој тврди дека и дел од актуелните функционери на СДСМ денес ги споделуваат ставовите што тој ги изнесувал пред две до три години, кога поради нив бил критикуван.
Според Богдановиќ, наместо да отвори дијалог со поранешните членови и новите политички субјекти, раководството на СДСМ во нив гледа политички противници.