Македонија

Преку „Сигнал“ добил наредба да го убие Кан – Македонецот откри детали за нападот во Будва

Преку „Сигнал“ добил наредба да го убие Кан – Македонецот откри детали за нападот во Будва

Македонскиот државјанин Андреј Танасковски признал дека пукал во Марко Љубиша, познат како Кан, во нападот што се случи во август минатата година во хотелот „Маестрал“ во Будва. Според неговиот исказ, објавен од српски „Телеграф“, тој добил инструкции преку група на апликацијата „Сигнал“ да го ликвидира Љубиша за пари, но тврдел дека немал намера да го убие, туку само да го рани.

Танасковски признал дека на 7 август 2025 година испукал два куршума кон Љубиша, кој бил ранет покрај хотелскиот базен.

Црногорската полиција го поврзува Љубиша со „шкаљарскиот клан“, додека Танасковски се доведува во врска со спротивставениот „кавачки клан“.

Според неговото сведочење, во Црна Гора пристигнал неколку недели пред нападот, а преку познаник бил вклучен во група на „Сигнал“, каде што добивал инструкции. На 2 август дошол на паркингот на хотелот, каде што непознат маж му предал пиштол и лажни документи низ прозорецот на автомобил. Му било кажано и дека сместувањето му е обезбедено.

Во хотелот се пријавил со лажна лична карта и останал неколку дена, чекајќи информации за пристигнувањето на Кан. За да го препознае, пребарувал фотографии и информации на интернет и во медиумите.

По пукањето избегал и ја испратил својата локација во групата на „Сигнал“. Потоа непознат маж го однел на друга локација и го оставил пред напуштена зграда. Според неговиот исказ, подоцна добил инструкции да се крие во стан, каде што со месеци му оставале храна и облека пред вратата.

Тој тврдел дека побарал да биде вратен во Македонија за да се предаде, но дека тоа не му било дозволено. Подоцна бил преместуван на повеќе локации, а бил уапсен во Никшиќ на 27 јули 2026 година, по речиси една година бегство. Во моментот на апсењето имал 19 години.

За оружјето, според објавениот исказ, рекол дека не ја знае точната локација каде што го фрлил во морето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни