Во живо Ноќно студио во живо Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија Гледај
Македонија

Богдановиќ за „Барутана“: Планот треба да се повлече, граѓаните да се вклучат од самиот почеток

Богдановиќ за „Барутана“: Планот треба да се повлече, граѓаните да се вклучат од самиот почеток

Урбанистичкиот план за „Барутана“ треба да се повлече и повторно да се разгледа со активно учество на граѓаните, стручната јавност и граѓанските активисти, оцени Саша Богдановиќ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Поранешниот градоначалник на Центар нагласи дека големиот број реакции во јавноста укажуваат на потребата од поширока дискусија, иако самиот сè уште не го разгледал конкретниот предлог-план.

„Кога ќе дадете предлог-план, тој е 90 проценти завршен“, истакна Богдановиќ, посочувајќи дека во таа фаза останува ограничен простор за суштински измени.

Според него, граѓаните треба да бидат вклучени уште во почетната фаза на изработка на урбанистичките планови, а не откако ќе бидат дефинирани клучните параметри.

Тој ја нагласи и потребата од конечно донесување нов Генерален урбанистички план на Скопје, кој ќе ги утврди насоките за идниот развој на главниот град и неговите општини.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни