Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во „Ноќно студио“ на 4ТВ откри дека по поднесувањето на оставката од СДСМ никој од партиското раководство не го контактирал за да разговара за причините за неговото заминување.
Тој посочи дека во писмената оставка детално ги навел проблемите и несогласувањата со политиките на партијата, но дека досега не забележал промени.
Богдановиќ потсети дека, иако не добил поддршка за втор градоначалнички мандат, активно учествувал во изборната кампања и придонел за победата на СДСМ во Центар.
„Кога видов дека веќе нема ни идеологија, нема ни работа, нема ни грижа за членовите, решив да си напишам културно оставка“, рече Богдановиќ.
Според него, политичка партија која не се грижи за сопственото членство и симпатизерите тешко може да ја задржи довербата на граѓаните.