„На 5 март на ГЕРБ ќе и поднесам коалициски договор . На 6 март ќе го дадам на ПП-ДБ да го прочита“, коментираше претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов во Националното собрание.
„Ги гледам колегите – тие се во изборна кампања. Не ми е гајле како се вика партија. Ние сме „Граѓани за европски развој на Бугарија“. Европа работи со коалициски договори, а не со кавги. Ќе ја задржиме ладнокрвноста и ќе одиме до крај“, истакна тој.
Борисов прецизираше дека до 8 март премиерот Николај Денков и вицепремиерката Марија Габриел треба да бидат подготвени со оценките на министрите.
„Ако сакаат да зборуваат за коалициски договор, јас ќе си заминам од преговарачка група. Ако сме се договориле на 8 март, одиме напред. Ако не, гласаме за оставка и одиме на избори“, нагласи Бојко Борисов.
„Во договорот ќе пишува за Советот на министри, за регулаторите, за судскиот систем. Регулаторите се прошируваат и на одлуките на Советот на министри и општините. Министрите мора да си ја работат својата работа, градоначалниците мора да си ја работат својата работа, потоа регулаторите да работат најлесно“, додаде претседателот на ГЕРБ.
