Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13 вечерва објави фотографија од пред Соборниот храм во Скопје. Тој напиша дека ова е прво селфи на слобода по 4 години.
„Господ на помош и прво и најважно здравје па потоа се ќе си дојде на свое место. Благодарам на сите добронамерни луѓе за поддршката и убавите зборови за целиот изминат пеколен период“, пишива Јовановски на друштвените мрежи.
Пресуда за „Меѓународен сојуз“ – Бојан Јовановски доби 9 години казна затвор
Јовановски од петокот е на слобода. Беше осуден во предметот Рекет и Меѓународен сојуз.
