Пресуда за „Меѓународен сојуз“ – Бојан Јовановски доби 9 години казна затвор

Денеска во Кривичниот суд – Скопје во тек е изрекувањето на пресудата за предметот „Меѓународен сојуз”.

Во овој предмет првообвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и уште четири други лица, меѓу кои и поранешната пратеничка Фросина Ременски.

Судот го прогласи Јовановски за „виновен“ и му одреди казна затвор од 9 години.

„Се утврдува казна затвор во времетраење од 5 години, и согласно член 44 од КЗ го осудува на единствена казна затвор во времетраење од 9 години“, посочи судијката.

Обвинетата за измама, Јасна Ерцеговиќ – Мандиќ доби единствена казна затвор во траење од 4 години.

Судењето за овој предмет го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.